Двајца Македонци загинаа во страшна сообраќајка во Чешка

 Двајца Македонци загинаа во страшна сообраќајка во Чешка

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка.

Според тамошните медиуми, во несреќата загинале двајца млади скопјани.

Станува збор за М.Б (30 години) и Д.Б. (27 години), кои се враќале кон својата татковина, односно кон Македонија.

Според чешките медиуми, автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

„Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

Извор:tv21.tv