• 30/09/2020

Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија

 Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија
loading...
Advertisement

Двајца македонски државјани се повредени во сообраќајна несреќа што претпладнево се случила во близина на албанскиот град Либражд.

Во сообраќајката се повредени уште три други лица, албански државјани.

Во сообраќајната несреќа, што се случи на патниот правец Либражд – Елбасан, повредени се македонските државјани Џ.Х. и Л.Х.од Скопје, З.К. и А.К. од Либражад и С.Д. од Тирана, додека Н.Б. поминал без повреди. За среќа сите повредени се вон животна опасност, стои во полициското соопштение.

Увидна екипа е на местото каде се случила сообраќајната несреќа, која треба да потврди која е причина што довела до судир на двете возила.

Според медиумите, најверојатно причина за сообраќајката е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење.