• 24/09/2020

Двајца охриѓани фалсификувале договор при регистрација на возило

 Двајца охриѓани фалсификувале договор при регистрација на возило
loading...
Advertisement

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против две лица од Охрид како и против едно лице од струшкото село Радолишта за сторено казнено дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Со цел стекнување протиправна имотна корист, двајцата охриѓани, вработени во Друштво зашпедиција, обезбедиле фалсификуван купопродажен договор за товарно возило „Опел Мовано“. Истиот го завериле на нотар и го употребиле при царинска постапка и во Биро за метрологија во Скопје. Лицето од Раолишта фалсификуваната докуметација ја употребил при поднесување барање за добивање согласност за регистрација на возилото.

Извор: OhridNews