Двајца повредени во сообраќајка кај Ќафасан

Двајца повредени во сообраќајка кај Ќафасан

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица од Струга.

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11 часот на магистралниот пат Подмоље-Ќафасан.

Во несреќата учествувале, „фолксваген голф“, управуван од Е.Ц.(21) и „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32).

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Б.(49) од село Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило И.Б.(53), од село Заграчани, по што биле пренесени во медицинскиот центар во Струга.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица од Струга.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds