Двајца турски работници загинаа во самоубиствен бомбашки напад Сомалија

Најмалку двајца луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени во самоубиствен бомбашки напад кај главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти полицијата. Нападот бил извршен на градилиште на автопатот кај Могадишу.

Меѓу ранетите има шестмина турски државјани. Сомалиската полиција соопшти дека турските работници веројатно биле цел на нападот.

Најголемиот дел од повредените се полициски службеници кои ги обезбедувале турските работници кои го граделе автопатот од Могадишу до градот Афгоје, кој се наоѓа 30 километри северно.

Организацијата Ал-Шабаб со седиште во Сомалија, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот. Ал-Шабаб често изведува такви напади во близина на Могадишу.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds