• 19/09/2020

Двајца загинати и 30 повредени откако воз излета од шини во северна Италија

 Двајца загинати и 30 повредени откако воз излета од шини во северна Италија
loading...
Advertisement

Најмалку две лица ги загубија животите откако од шини излета брз воз во близина на градот Лоди во северна Италија.

Железничката несреќа се случи околу 5:35 утрото по локално време. Најмалку 30 луѓе се повредени во превртените два вагона. Возот сообраќал на линија Милано-Рим.

Според италијански медиуми, загинале двајцата машиновозачи.