
Две лица каснати од куче скитник во Стуга
На 30.01.2020 околу 13 часот во Полициската станица Струга, 16 – годишник од с. Франгово, струшко, пријавил дека во кругот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
На 30.01.2020 во 18.40 часот во Полициската станица Струга, Г.Ц.(29) од Струга пријавил дека на ул.„Ристо Крле“ во Струга бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.