Две лица нападнале охриѓанец на бензиска во Струга
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Т.(36) од Скопје и К.Т.(35) од струшкото село Калишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тие, на 13.11.2019, во кафетерија на бензиска станица во Струга физички нападнале 23 годишен Охриѓанец.
фото: Архива
Извор:skopje1.mk