Две лица од Струшко вршеле јавен превоз без соодветна лиценца

 Две лица од Струшко вршеле јавен превоз без соодветна лиценца

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 59-годишниот З.М. и 44-годишниот С.Г., двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

-При контрола извршена од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај на 20.10.2020 година на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициските службеници ги затекнале при превоз на патници, и тоа првопријавениот со такси возило „Мерцедес“, а второпријавениот со такси возило „Сеат“, без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај, информираат од СВР Охрид.(

>
>