
Двегодишно дете од Србија загинало откако врз него паднала замрзната скулптура – 700 килограми мраз го поклопиле детето
Двегодишниот Емран Хамза настрадал кога на него за време на Божиќен саем се срушила куќа направена од мраз, тешка 700 килограми.
Емран, со потекло од Србија, загинал во неделата во Луксембург, кога замрзната скилптура од 700 килограми паднала врз него.
Како што кажал за Курир.рс, вујкото на момчето, тој со татко му и неговиот вујко тој ден отишол на саем за да уживаат во убавиот ден и за да ја почувствуваат празничната атмосфера.
-На базарот имаше поставено замрзнати скулпутри – куќи, фотелји и Дедо Мраз. Емран ги разгледуваше фигурите и го фотографиравме. Последната фотографија му е на замрзнатата фотелја – со кнедла во грло раскажал вујкото.

Откако се фотографираше, следуваше трагедија.
-Стоеше со татко му покрај замрзнатата куќа, јас бев одалечен од нив неколку чекори, стов на лизгалиштето. Мојот зет цело време го држеше Емран за рака. Грониот дел од куќата беше дебел и одеднаш пукна и почна да се руши. Истрчав и пружив рака да го задржам, како и мојот зет, но мразот веќе се сруши врз детето – рекол вујкото.
Таткото почнал да го извлекува детето од мразот.
-Му течеше крв од уста и почина – рекол вујкото и истакнал дека во моментот на падот на мразот во близина имало и други деца.
Вујкото истакнал дека ги погодило пишувањето во медиумите, дека момчето ја турнало склулптурата.
-Дете од де години и десет месеци не може да турне куќа од 700 килограми. Скулптурата капеше цело време и веројатно не била адекватно одржувања затоа што беше осум степени над нулата – тврди вујкото.