• 22/09/2020

Двеиполгодишно дете по 24 часа спасено од под урнатините од земјотресот

 Двеиполгодишно дете по 24 часа спасено од под урнатините од земјотресот
loading...
Advertisement

Припадниците на спасувачките екипи 24 часа по разорниот земјотрес кој ја погоди турската источна област Елазиг, под урнатините спасија двеиполгодишно женско дете, јавува Агенција Анадолија (АА).

Спасувачките екипи во еден момент го слушнаа гласот кој доаѓаше од под урнатините на срушена зграда во квартот Мустафа Паша. Набргу воспоставија контакт со женско лице кое им рече дека со неа под урнатините се наоѓа и дете.

Жена со плачлив глав повикуваше помош, говорејќи дека повеќе не можат да издржат под урнатините.

Спасувачките екипи потоа вложија огромни напори и на крајот ископаа тунел и успеааја да дојдат до местото каде се наоѓаа и да го извлечат детето на сигурно и да го префрлат во болница. Припадниците на спасувачките екипи ги прават сите напори да ја спасат и мајката.

Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АФАД) соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот кој вчера го погоди градот Елазиг, на истокот на Турција, порасна на 29. По силниот земјотрес на лекарите за помош им се обратија 1.466 лица.

Според најновите податоци, во земјотресот се срушени 72 згради, 514 претрпеа огромна, а 409 помала штета.

Во централните делови на Елазиг и понатаму трае потрагата и акција за спасување на преживеаните.

Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер регистиран е во местото Сивирџе, недалеку од градот Елазиг.

Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај, Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.