Двојна трагедија во Македонија: Момче и девојка се самоубија поради недозволена љубов

 Двојна трагедија во Македонија: Момче и девојка се самоубија поради недозволена љубов

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Откако синоќа дел од медиумите објавија дека кај археолошкиот локалитет Баргала животот со бесење си го одзело 25 годишно момче, утринава се случила нова трагедија.

Од штипската полиција за Курир потврдуваат дека утринава од Итната медициска помош добиле пријава за починато женско лице, кај кое смртта е настаната со бесење. Неофицијално, станува збор за девојка на возраст од 22 години.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во куса изјава за Курир вели дека двата случаи се поврзани, а случени се на територија на општина Карбинци.

Момчето и девојката биле во љубовна врска, а неофицијално причина за ваквиот нивен чин е недозволена љубов.

Повеќе детали од полицијата се очекуваат подоцна.

x