Еден од напаѓачите во Виена има потекло од Македонија

Атентатот во Виена, според австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, има исламистички мотив. Четири лица се убиени, исто како и еден напаѓач, кој потекнува од С. Македонија и имал двојно државјанство.
Синоќа од полицијата убиениот и идентификуван убиец бил симпатизер на терористичката милиција Исламска држава, имал двојно државјанство, изјави министерот Нехамер на денешната прес-конференција. Во нападот има досега четири цивилни жртви, двајца мажи и две жени, а 17 други лица се ранети, од кои седум се со тешки повреди опасни по живот. И еден полицаец кој е ранет во престрелката, се наоѓа во критична, но стабилна состојба, соопштено е утрово. „Сметаме дека во акција биле повеќе напаѓачи”, изјави Нехамер, истрагата е во тек, а полицијата го повика населението да избегнува движење во градскиот центар. Во австриската престолнина денеска во училиштата нема настава. Неколку медиуми јавија за рации во опкружувањето на атентаторот и за две уапсени лица.
Синоќа кратко по 20 часот во близина на една станица на метрото се чуле првите истрели. Кратко потоа е пукано со оружје на повеќе блиски локации. Во областа се наоѓа и виенската централна синагога, која во моментот била затворена, полицијата проверува дали станува збор за антисемтски напад. Квартот во кој се случија нападите е омилено место за средби на граѓаните, тука синоќа било исклучително фреквентно пред почетокот на денешниот локдаун во Австрија, предизвикан од пандемијата на коронавирус.