• 12/08/2020
 Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка со Македонски државјанин во Елбасан

Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка со Македонски државјанин во Елбасан

loading...
Advertisement

Македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа што се случила препладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, во Албанија.

– Тешката сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кога од непознати причини дошло до директен судар на автомобил „сузуки” управуван од Х.Р (67) од Елбасан и автомобил „мерцедес” управуван од М.К.(38) од Македонија, стои во полициското соопштение.

  На местото на несреќата починало лицето А.Н.(55) жител на Тирана, кој бил сопатник во автомобилот „сузуки”, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.  Увидот треба да потврди која е причината за несреќата. /

Можеби ке те интересира