Една грешка го прави чајот помалку здрав

Една грешка го прави чајот помалку здрав

Без разлика дали пиете чај од мајчина душица, кој има бројни корисни ефекти врз холестеролот, крвниот притисок, па дури и на расположението, или чај од ѓумбир поради стомачни проблеми, веројатно не го оставате доволно долго во водата.

Правилното натопување на билниот чај мора да трае 15 минути, вели една билкарка, која наведува дека повеќето луѓе кесичката чај ја потураат со врела вода, па ја вадат по две-три минути. Билкарката Ками МекБрајт наведува дека избегнувањето на подолг процес на инфузија на чајот ја намалува неговата хранлива вредност.

„Нема да направите опасна грешка ако ја извадите кесичката по неколку минути, но чајот нема да ги ослободи сите скапоцени материи и ќе има послаб вкус“, вели таа.

Ова особено важи за чајот во вреќички, бидејќи билките во него се ситнети до тој степен што веќе почнал да оксидира. Како резултат на тоа, се губат здравите хемикалии, а со нив и вкусот.

„Чајот во вреќички е помалку моќен поради начинот на кој се обработува и складира. Но, повеќето чаеви треба да се остават 15 минути за да се ослободат полифенолите. Потребно е и шолја чај да се покрие со чинија бидејќи некои од овие материи можат да испарат“, вели таа.

Единствен исклучок од овие правила се силните црни чаеви, каде призводителот треба да го наведе максималното време на процесот на инфузија на пакувањето. Бидејќи содржат кофеин, предолгото киснење во вода може да го направи чајот премногу јак.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds