Една од жртвите во Виена е од струшко Велешта

 Една од жртвите во Виена е од струшко Велешта

Една од жртвите во синоќешниот терористички напад во Виена е со потекло од село Велешта, Струга. Според информаците што ги објави порталот на Албански јазик News33 се работи за 20 годишниот Неџип Вренези.„360 степени“ се обиде да ја провери информацијата и од други извори.

Засега не добивме официјална потврда, но неофицијално, таква информација веќе е стигната и до македонското МНР.

Потврда за информацијата, пак, добивме од иселеници од Велешта во Виена, кои живеат во главниот град на Австрија подолго од една генерација.

Според текстот на News33, 20 годишниот Вренези починал откако бил застрелан од еден терористите пред кафе-бар, во момент кога излегол надвор за да испуши цигара.Како што веќе потврдија власти, во Виена синоќа загина уште еден македонски државјанин.

Но, тој беше еден од напаѓачите и беше застрелан од полицијата.