
Кривична пријава за лице кoe не ја почитувал забраната за движење
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против (25) годишен жител од Подгорци.
При контрола извршена во селото на 30.04.2020 во 22:45 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот за време на забрана за движење без дозвола од надлежен орган.
Потпарол:СВР -Охрид Мерлина Ислами