Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Мислешево

 Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Мислешево

Вчера во 09,20 часот, на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото село Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Хундаи“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 59-годишно лице од Струга и товарно возило со струшки регистарски ознаки, управувано од 62-годишен жител на струшкото село Драслајца.

Во незгодата возачот на патничкиот автомобил се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи.

извор:OhridNews

>
>