• 19/09/2020

Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патниот правец Охрид – Кичево

 Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патниот правец Охрид – Кичево
loading...
Advertisement

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што попладнево околу 13.30 часот се случи на патниот правец Охрид – Кичево, во близина на селото Сливово, непосредно пред превојот Пресека.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, од засега непознати причини дошло до директен судар помеѓу патничко возило со кичевски регистарски ознаки и товарно возило со велешки регистрации, при што настрадал возачот на автомобилот кој е хоспитализиран во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

На местото на настанот покрај сообраќајната полиција пристигнаа и екипи на пожарна и брза помош. Поради несреќата сообраќајот на овој патен правец извесен период се одвиваше отежнато, а попладнево тој е нормализиран, информира СВР Охрид.

Извршен е увид, а истрагата треба да ги открие причините за тешката сообраќајна несреќа.

извор:OhridNews