Едукативна кампања на струшката полиција за „Безбедно патување во зима“

Едукативна кампања на струшката полиција за „Безбедно патување во зима“

Со делење едукатвен материјал на возачите и другите учесници во сообраќајот во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Одделението за внатрешна контрола – Струга се реализира кампањата „Безбедно патување во зима“.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека целта на проектот е подигање на безбедносната култура во сообраќајот, пред се кај возачите на моторни возила.

– Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга на возачите и другите учесници во сообраќајот им поделија едукативен материјал со практични совети за почитување на сообраќајните правила и прописи, за задолжително носење на зимска опрема и почитување на препораките за заштита од Ковид-19, истакна Димоски.

Идејата, нагласи, е да им се укаже на возачите за носење зимска опрема во моторните возила и на поголема внимателност во сообраќајот за елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди.

– Генерално, возачите ја поччитуваат одредбата за носење зимска опрема во периотод од 15 ноември до 15 март, на оние кои не поседуваат пред се им се укажува да го надминат пропустот, бидејќи ќе следуваат санцкции, додаде Димоски.

Казната за неносење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март е 45 евра.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds