Египет испрати амбулантни возила во Газа да пренесат ранети

 Египет испрати амбулантни возила во Газа да пренесат ранети

–  Египет испрати 10 амбулантни возила во Газа денеска за да пренесат ранети од израелските бомбардирања за лекување во египетски болници, соопштија медицински и безбедносни извори.

Амбулантните возила влегоа во Газа преку преминот Рафах, кој инаку е затворен пет дена за време на празникот и викендот и треба да биде повторно отворен в понеделник.

Уште пет амбуланти се распоредени за подоцна да влезат во Газа и подготвени се три египетски болници да обезбедат третман, наведоа изворите и локалните здравствени власти.

>
>