ЕХФ: Македонија нема да има претставник во ЛШ

ЕХФ: Македонија нема да има претставник во ЛШ

Вардар беше исфрлен од Лигата на шампиони (ЛШ), па битолчани се надеваа дека Пелистер би можел да го преземе местото на македонскиот шампион, но Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека тоа нема да се случи.

ЛШ во следната сезона ќе има 16 екипи, а девет од нив веќе се загарантирани за ГОГ, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Кил, Пик Сегед, Кјелце, Порто и Динамо Букурешт, а за останатите позиции аплицираат тимови како Алборг, Нант, Гранолјерс, Веспрем, Висла, Спортинг и Баја Маре.

Исто така, шест екипи од Лига Европа аплицираа за вајлд-карта за ЛШ, а тоа се ППД Загреб, Елверум, Мотор Запорожје, Целје, Иштад и Шафхаузен.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds