Екипата Карп Фиш од Лабуништа го освои Првото место на турнир во риболов

 Екипата Карп Фиш од Лабуништа го освои Првото место на турнир во риболов

Хантер Фиш во Кичево организираше турнир во риболов во Кичевското езеро. На овој турнир учествуваа 16 екипи од земјава и регионот, кои останаа 4 дена колку што траеше овој натпревар.

Рибарите кои дојдоа од разни земји беа задоволни и воодушевени од езерото каде што се одржа ваков натпревар за прв пат на регионално ниво.

Бого Љубјачоски е најстариот рибар во Македонија кој учествувал и на светски натпревари. Тој вели дека за прв пат е на ова езеро и е воодушевен од условите што ги нуди езерото.


Екипата на КАРП ФИШ Лабуништа го освои првото мест и ја улови најголемата риба Крап на Крапскиот Натпревар “Боила Купо” што се одржа на Осломејско езеро во Кичево со времетраење од 72 часа, се ловеше риба Крап и Амур. Учествуваа 16 екипи од државава и странство,Севкупно 18 риби со тежина од 79 кг


Присутен беше и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари кои ги додели наградите на овие екипи и рече дека како општина ќе сторат се за ова езеро да добие статус и да се развива.


„Езерото што го имаме ние како богатство нема статус за вода во Република Северна Македонија, јас ви велам дека заедно со вас како градоначалник, со вашите здруженија и сите ваши пријатели, максимално ќе се обидам надлежните институции, во случајот, Електрани на Македонија и Министерството за земјоделство, Управите за вода, да преземат конкретни мерки врз основа на законите на оваа држава за ова место да добие соодветен статус“, истакна Фатмир Дехари, Градоначалник на Општина Кичево.


На овој турнир беа доделени и награди за најмладите рибари. Организаторот Бесмир Елези рече дека ќе организираат натпревари секоја година во ова езеро бидејќи езерото има невидени услови.

>
>