Екипата на Лабуништа со најмногу уловени примероци на “КРАП-КУПОТ

 Екипата на Лабуништа со најмногу уловени примероци на “КРАП-КУПОТ

На„Крап- купот“што во изминатиот викенд се одржа на Осломејско Езеро и на кој учествуваа екипи од повеќе градови од земјава и од странство,екипата од струшко Лабуништа„ Кaрп – Фиш-“Црн Дрим го освои првото место,со најмногу уловени крапови во текот на педесетчасовниот риболовен спортски натпревар.Организатор на овој куп,кој прв пат се одржува,беше спортското риболовно друштво „Хантер-Фиш“од Кичево.

    Учествуваа повеќе екипи од земјава и странство.Учесниците имаа можност да ловат од петок изутрината до недела до 14 часот и по 50-часовен спортски риболов,екипата Карп-Фиш од струшко Лабун ишта имаше уловено најмногу примероци на крап,48,или вкупен улов од 178 килограми,со што ја оправда фафоритската улога и пред самиот натпревар ни рече претседателот на друштвото Тасим Тафилоски.Второто место го освои екипата на БМ од Скопје со вкупен улов од 40 килограми и на трето место со улов од 38 килограми се пласира екипата од Струга.Најголемиот примерок со тежина од седум килограми го улови Агим Исламоски,член на екипата од Лабуништа со што остварија двоен триумф на овој пријателски крапоски натпревар –рече претседателот Тафилоски.

    Најдобрите три екипи и претставникот од Лабуништа Агим Исламоски што го улови најкрупниот крап добија пехари и благодарници,кои им ги врачи градоначалникот Фатмир Дехари.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ