• 22/10/2020

Екипаж на крузер во Грција е заразен со корона,922 патници се заглавени на бродот

 Екипаж на крузер во Грција е заразен со корона,922 патници се заглавени на бродот
loading...
Advertisement

На крузерот Mein Schiff 6 беше спроведено случајно тестирање на 150 од 666 членови на екипажот. Целиот заразен персонал е асимптоматски, пишува Guardian.

loading…

“Во понеделникот ги добивме резултатите од тестирањето на персоналот и беше утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на коронавирус“, соопшти англо – германската туристичката компанија Tui.

Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстосувањето договорено со властите во Грција, позитивните лица веднаш биле ставени во изолација на бродот.

Крузерот со знаме на Малта патувал преку Пиреја до Крф. Капетанот престанал да плови веднаш штом дознал за резултатите од позитивните тестови и се закотвил пред островот Милос, сè додека грчките власти не му наредиле да се упати кон главниот пристаништен град.

Грчките медиуми јавуваат дека сите 922 патници ќе бидат затворени во своите кабини за време на патувањето.

Сепак, ова тврдење беше демантирано од компанијата Тui, која управува со овој луксузен брод заедно со американската компанија Royal Caribbean.

“Патниците можат да се движат нормално со брод, а крстосувањето продолжува според планираното“, кажаа од Тui.

Експертите за јавно здравје ќе го посетат крузерот кога ќе пристигне во Пиреја, а властите навестија дека никој нема да смее да се симне од бродот.

English »