Експлодирала бомба поставена под автомобил во Сплит

 Експлодирала бомба поставена под автомобил во Сплит

Сплит синоќа бил потресен од експлозија откако била подметната бомба под возило. Како што соопштија од полицијата, експлозијата се случила околу 1 часот.

Едно лице (38) побарало здравствена помош, иако подоцна било потврдено дека не бил повреден. Во експлозијата настрадале и уште неколку автомобили кои биле паркирани во близина.

Полициската истрага е во тек.

Полицијата го осигураа местото на настанот и ќе направат увид. Околу случајот е надлежно државното обвинителство и во тек е криминалното истражување – изјавија од полициската управа на Сплит.

Како што пренесува „Далматински портал“, лицето на кое му припаѓало возилото, од порано и е познато на полицијата по разни казнени дела, а пред шест години бил брутално претепан од тројца напаѓачи во центарот на Сплит.

x