Експлозија во фабрика кај Белград, двајца загинати и 16 повредени

 Експлозија во фабрика кај Белград, двајца загинати и 16 повредени

Силна експлозија одекна околу 14 часот во Бубањ Поток, а густ чад лебди над таа приградска белградска населба. Во експлозијата загинаа две лица, потврдија за Танјуг во белградската противпожарна и спасувачка бригада. Две лица загинаа и 16 пет лица се повредени, соопшти РТС. Во експлозијата во фабриката има исчезнати за кои се трага, а еден работник кој бил заглавен пожарникарите успеале да го извлечат.

Експлозија се случила во магацинот на фабрика во населбата Лештане во Белград, на површина од 260 квадрати, каде се наоѓале 500 ракети со 30 килограми експлозив. Несреќата се случила во компанијата „Еде про“, која произведува делови за ракети, ракетни турбо мотори и гориво, а во моментот на експлозијата во фабриката имало 40 работници. Дел од повредените се примени во Ургентниот центар во Белград, а дел се на ВМА.

Жителите од тој дел на Белград изјавија дека се почувстувале пет силни детонации.

Веднаш по експлозијата испратени се 11 возила со 36 пожарникари, а потоа и засилување, изјавија од МВР.

Од силината на експлозијата, искршени им се прозорците на жителите на приградската населба Лештане.

На видео објавено на Твитер се гледаат автомобили како горат во близина на фабриката.

x