Експлозија во Истанбул кај центар за млади

Експлозија во Истанбул кај центар за млади

На местото на сексплозијата се пронајдени фрагменти на импровизирана експлозивна направа.

Во Истанбул денеска дошло до експлозија во Турската фондација за млади (TUGVA), соопштил локалниот гувернер, додека турските медиуми пренесуваат дека нападот, за кој постои сомнеж дека е терористички, го извела жена.

Нема извештаи за жртви, а на местото на експлозијата се пронајдени фрагменти на импровизирана експлозивна направа.

Според снимките од безбедносните камери, експлозијата се случила кратко откако жената пришла до зградата, а потоа се оддалечила, пренесува “Daily Sabah”.

Засега никој не преземал одговорност за нападот.

Ова е втора експлозија во Истанбул оваа недела, откако во понеделникот полицијата морала да ја евакуира населбата Бејоглу поради сличен настан.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds