
Експлозија во супермаркет во Русија: Останаа само рушевини (ВИДЕО)
Најмалку едно лице е повредено по експлозија на гас во супермаркет во рускиот град Владикавказ. Причинета е огромна материјална штета.
Локалните власти потврдија дека едно лице е повредено и оти најверојатно станува збор за ноќниот чувар.
Сепак, властите стравуваат дека е можно едно лице да останало затрупано под урнатините по експлозијата, бидејќи зградата е потполно урната.
Супермаркетот во кој се случи експлозијата бил затворен за купувачи во времето на инцидентот.