Екстремни мерки поради коронавирусот: Северна Кореја ги минираше границите за граѓаните да не одат во Кина

 Екстремни мерки поради коронавирусот: Северна Кореја ги минираше границите за граѓаните да не одат во Кина

Екстремни мерки поради коронавирусот: Северна Кореја ги минираше границите за граѓаните да не одат во Кина.

За време на затворената седница на разузнавачката служба на Јужна Кореја, агентите известиле дека дошле до информации дека нивните северни соседи се плашат од „увезување“ на коронавирусот во нивната земја поради тоа што Северна Кореја има катастрофална медицинска инфраструктура.

„Со оглед на тоа што не постојат физички или технички можности да се сопре ширењето на коронавирусот, во Северна Кореја завладеа паника“, изјави јужнокорејскиот политичар Ха Тае-Кеунг кој е добро упатен во случувањата „на север“.

Документ од севернокорејската работничка партија од 27-ми февруари укажува на опасноста дека 500 илјади луѓе би можеле да починат доколку вирусот се рашири во земјата.

„Северна Кореја ги затвори границите и постави мини во некои делови од земјата кои водат кон Кина“, изјави Тае-Кеунг.

Според законот кој бил неодамна донесен во Северна Кореја, здравствените работници кои нема да можат да го исконтролираат ширењето на коронавирусот, би можеле да бидат осудени на смртна казна.

„Имаше случаи каде критичните пациенти беа транспортирани со товарни вагони за да не заразат никого во патничките кабини“, додаде Тае-Кеунг.