Еквадор го врати ударот, Кулибали експресно ја врати предноста на Сенегал!

Еквадор го врати ударот, Кулибали експресно ја врати предноста на Сенегал!

Еквадор во 68. минута од мечот успеа да израмни на 1:1 против Сенегал, за само една минута подоцна Калиду Кулибали повторно да ги донесе Сенегал до 2:1 предност, резултат кој ја праќа африканската репрезентација во осминафиналето на Мундијалот на Катар, најавувајќи интересни последни 20-тина минути од директната пресметка.

Откако Сенегал доминираше во поголемиот дел на мечот и стигна до предност со гол од пенал на Исмаила Сар во 44. минута, Еквадорците покажаа дека се подготвени за битка, кога по прекин, Моисес Каиседо во 68. минута ги „начна“ Сенегалците, за веќе во следниот напад, исто така по еден прекин, ѕвездата на Челси, Кулибали да се покаже во улога на напаѓач со фантастична реакција.

Caicedo with a huge goal 🇪🇨

🇪🇨 Ecuador 1-1 Senegal 🇸🇳pic.twitter.com/E7GRjtNhmT

— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) November 29, 2022

Koulibaly gives Senegal back the lead 😱🇸🇳

🇪🇨 Ecuador 1-2 Senegal 🇸🇳pic.twitter.com/CARCGigXby

— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) November 29, 2022

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy