Електрично сини очи: Племе од Индонезија го привлече вниманието на социјалните мрежи поради продорниот поглед

 Електрично сини очи: Племе од Индонезија го привлече вниманието на социјалните мрежи поради продорниот поглед

Едно племе од островот Бутон во Индонезија стана вистински хит на социјалните мрежи поради необично продорните сини очи и бронзениот тен.

Островот Бутон се наоѓа на 19-то место на најголемите острови во Индонезија, во југоисточната регија Сулавези, а вистинска атракција се домородците од племето Бутон кои се поделени во неколку помали групи. Некои од нив имаат т.н. Варденбургов синдром кој влијае на пигментацијата, поради кој имаат необично сини очи. 

Ваквата појава е вистинска реткост во Индонезија бидејќи тамошните жители воглавно имаат темна коса и темни очи, а често се раѓаат и со различни бои на очи.

Станува збор за наследна генетска мутација за која е проценува дека во некој облик ја има едно од 42.000 лица. Меѓутоа, синдромот може да доведе и до губење на слухот.

Во текот на неодамнешната посета на островот, Корчнои Пасарибу, геолог од Џакарта, ги фотографирал припадниците на племето Бутон. Овој 38-годишен фотограф го документира животот во руралните делови на Индонезија од септември минатата година, со посебен фокус на бројните племиња и културното наследство.

Пасарибу наведува дека фотографијата му е хоби, а всушност работи како геолог во рудници за никел.

„Сините очи се уникатни и убави и тие се моја инспирација. Сината ми е омилена боја на очи“, рекол геологот.

Индонезија е простран архипелаг со над 350 дијалекти и поткултури. Островот Бутон со големина од околу 2700 квадратни километри е еден од поголемите индонезиски острови. На него живеат нешто помалку од 450.000 луѓе од кои повеќето се наоѓаат во мали, изолирани племиња.