
Елен Камен е мелем – скриена убавина во Струга која пленува со пејзажот (фото)
Место каде што погледот го пие синилото на Охридското езеро.
Никаква врева, никакви автомобили или гласни кафулиња или пак оптоварувањето – каде и што да си купам од последниот одмор. Заборавете на шопингот, во Елен Камен има само простор за мир и уживање.
Малите и диви плажи даваат исклучително интимно чувство. Ќе имате чувство дека сте сами на светот. Струга е многу блиску, а сепак толку далеку – тука ќе го пронајдете малиот, мирен рај доколку ви е преку глава од стресното секојдневие.