• 10/07/2020
 Емина Јаховиќ искешира повеќе од 200.000 евра за вила во Нови Пазар (ФОТО)

Емина Јаховиќ искешира повеќе од 200.000 евра за вила во Нови Пазар (ФОТО)

Иако Емина Јаховиќ живее во Истанбул во раскошна вила која ја доби по разводот со Мустафа Сандал, поп-пејачката одлучила да по своја мерка да скоцка и една голема вила во родниот Нови Пазар.

Имено, неодамна со нејзиниот брат Мирсад ја реновираа семејната куќа во родниот град, а според зборовите на соседите за српскиот „Ало“, пејачката и поранешниот кошаркар во реновирањето вложиле 200.000 евра.

– Многу пари вложија Емина и Мирсад во оваа куќа, иако ретко доаѓаат во Нови Пазар. Можеби поминаа две години откако ја видов последен пат. Кога доаѓа во родниот град соседите не одат кај неа, бидејќи таа нема време за такви дружби – рекла нивната сосетка.

Фото: Принтскрин

Сосетката открила на местото каде сега се наоѓа големата вила, некогаш тука им била семејната куќа.

– Предходно на тоа тоа место им беше нивната семејна куќа на два ката, која сега е комплетно реновирана и проширена. Не би можело тоа да чини помалку од 200.000 евра, бидејќи се користени најквалитетни материјали. Доволно е да ја видите фасадата и столаријата на ѕидовите и ќе ви биде јасно дека тоа чини прескапо – рекла сосетката.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира