• 03/04/2020
 Емина Јаховиќ ја откри причината зошто го оставила турскиот милионер

Емина Јаховиќ ја откри причината зошто го оставила турскиот милионер

Пејачката Емина Јаховиќ по разводот со Мустафа Сандал со кој има два сина, започна љубовна врска со турскиот милионер Садетин Саран.

Претходната година. Емина раскина со Садетин, но набргу потоа се смирија и ја обновија својата љубовна врска. Меѓутоа, деновиве медиумите пишуваат дека пејачката повторно раскинала со Садетин и дека не се заедно.

Таа се огласи и ги потврди пишувањата дека повеќе не е со турскиот милионер.

фото: стори србија

„Точно, не сме повеќе заедно. Ја раскинав таа врска. Тоа е завршена приказна. Ставив точка на тоа бидејќи беше многу бргу по разводот“ изјави Емина во една емисија, а пишува „телеграф.рс

Таа ги откри и причините зошто го оставила Садатин.

„Имавме некое различно мислење, начин на живот…Се разделивме како пријатели во најдобри односи, ние сме возрасни луѓе“ изјави Емина.

фото: Инстаграм

За потсетување, турските медиуми пишуваа дека бившиот на Емина по раскинувањето наводно заминал да се лекува во душевна болница во Австрија.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира