Емотивна средба на татко и син, кои не се виделе цели 57 години (ВИДЕО)

 Емотивна средба на татко и син, кои не се виделе цели 57 години (ВИДЕО)

Ричард МекКлири пред далечни 57 години последен пат го видел својот син Џими кога тој сè уште бил бебе, а потоа мајка му го дала бебето на посвојување и се изгубила трагата од него.

„Го држев двапати. Во моето срце имаше празнина 57 години”, рече Ричард.

Кога пораснал, Џими решил да се обиде да ги најде своите биолошки родители и направил ДНК-тест не знаејќи дека Ричард го сторил истото. Кога откриле дека се поврзани, се покажало дека таткото и синот живеат на само 30 минути возење далечина, во Јужна Каролина, пренесува ABC News.

По емотивната прва средба, тие одлучиле да поминат некое време заедно, за да се запознаат и да надоместат од изгубеното време.

>
>