• 18/09/2020

Емотивната филмска приказна на Илија Пиперкоски „Дедо и вкук“ предизвика бура од аплаузи на премиерата пред охридската публика

 Емотивната филмска приказна на Илија Пиперкоски „Дедо и вкук“ предизвика бура од аплаузи на премиерата пред охридската публика
loading...
Advertisement

Долго најавуваната премиера на новиот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски, „Дедо и внук“, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, предизвика силни емоции и бура од аплаузи од присутната публика.

Филмот кој говори за животот и животните вредности, започна да се снима кон средината на април 2017 година и е единствениот долгометражен игран филм во македонската кинематографија, по „Мирно лето“ на Димитрие Османли, кој е целосно снимен во Охрид. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Наум Цветкоски и Салаетин Билал, кој почина изминатата година.

-Се исполни мојот животен сон. Како и секој режисер и јас ги очекувам реакциите од публиката. Ова е семејна приказна за животот, снимена во Охрид, каде кај и да сликате имате одлична фотографија. Кастингот беше одличен, а сценариото сам го пишував со години и го донесов до потребното ниво и го снимав на таков начин. – изјави возбудено режисерот и сценарист на филмот Илија Пиперкоски.

По премиерата во Охрид филмот „Дедо и внук“ ќе го види публиката во Македонија, а предвидено е и негово прикажување на бројни фестивали во Европа.

Извор:OhridNews