
ЕМСЦ корегираше: Земјотресот вечерва бил со јачина од 4,5 степени по рихтер
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар ја корегираше информацијата за вечерашниот земјотрес во Македонија. Според последно ажурираните податоци, земјотресот бил со јачина од 4,5 степени по рихтер.
Епицентарот е на длабочина од 2 километри во близина на Мавровско езеро.

Како и што претходно објавивме, земјотресот најсилно е почувствуван од жителите во југо-западна Македонија.