Енхалон подобар од Клими,Шкендија славеше над Велешта

 Енхалон подобар од Клими,Шкендија славеше над Велешта

Во саботата се одигра 4. коло од Втората футсал лига на Македонија. Интересно е тоа што сите гостински екипи запишаа победи и дојдоа до посакуваните три бодови.

Шкендија на гостински терен дојде до голема победа над Велешта со 6:8. Домаќините одлично го отворија натпреварот и со три минути игра имаа водство од 2:0, а двоен стрелец беше Шкељзен Шеј. Гостите пред крајот на првото полувреме погодија за 2:1, а стрелец беше Халили. Во второто полувреме гостите играа подобро. Шеј погоди за 3:1, а Бислими веднаш намали на 3:2. Три минути беа потребни за Шкендија да израмни на 3:3 преку Фљорим Амети. Домаќините го вратија водството на 4:3 преку Мухарем Шеху, а помалку од минута требаше за Амети да погоди за 4:4, но младиот Елвир Фејзули си постигна автогол и водството се врати кај домаќините на 5:4. Притисокот на Шкендија се зголеми и преку Амети израмнија на 5:5. Ибрахими постигна гол за 5:6, а расположениот Амети зголеми на 5:7. Домаќините се обидоа да се вратат во игра и преку Шеј намалија на 6:7, а конечните 6:8 ги постави Мухамед.

Енхалон дојде до победа над Клими во Кавадарци со 4:6. Стружани одигра одличен натпревар, беа подобар противник и сосема заслужено дојдоа до победа и три посакувани бодови. Резултатот го отворија домаќинтие преку Соколов, а гостите израмнија на 1:1 преку Пластиновски. Во вториот дел мотив за победа имаше и кај двете екипи. Домаќините поведоа со 2:1 преку младиот Манев, а гостите веднаш израмнија преку Адем Цаноски. Клими дојде до ново водство од 3:2 со голот на Аризанов, но Енхалон реагираше брзо и дојде до ново израмнување преку Агушевски. За прво водство на гостите од Струга погоди Балоски, а домаќините преку Аризанов израмнија на 4:4. Енхалон дојде до победа со два гола постигнати за една минута. Во 37. минута погодои Пластиновски, а во 38. минута конечните 4:6 ги постави Цаноски.

Овче Поле на домашен терен во Свети Николе загуби од СЕЕ Университи со 4:6. Гостите одлично го отворија натпреварот и до 7. минута од мечот имаа водство од 0:3, а стрелци на головите беа Нуредини, Беџети и Мемеди. Со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел одличната игра на гостите продолжи. Овче Поле намали на 1:3 преку Јорданов. Водстово на гостите беше зголемо на 1:5 со головите два гола на Мемеди. Младиот Русевски постигна гол за 2:5, а за помалку од една минута Фатон Нуредини постигна гол за 2:6. Во последните две минути од натпреварот домаќините постигнаа два гола и намалија на 4:6 со головите на Митев и Јованов.

Шкендија е лидер на табелата со 9 бодови, колку што има и второпласираната екипа на Клими од Кавадарци, додека на дното од табелата без бодови се екипите на СФК Проект – Јосифово и Овче Поле.