Ер-БНБ трајно ги забрани забавите

Ер-БНБ трајно ги забрани забавите

Ер-БНБ трајно ги забрани забавите во сместувањата што ги обезбедува со својата платформа, откако привремената мерка воведена во услови на пандемија се покажа популарна меѓу домаќините на туристите.

Компанијата наведе дека ова правило станало „многу повеќе од мерка за јавно здравје“ откако е воведено во август 2020 година. – „Тоа еволуираше во основна политика на заедницата насочена кон поддршка на домаќините и нивните соседи“, соопшти компанијата со седиште во Сан Франциско, САД.

Така, и бројот на поплаки значително се намалил по воведувањето на мерката.

„Исклучоци од забраната во иднина би можеле да им бидат овозможени на специјализирани и традиционални угостителски објекти“, се додава во соопштението.

Компанијата почна да ја ограничува бучавата во 2019 година, а ги забрани забавите за време на корона-пандемијата, заради јавното здравје. Минатата година повеќе од 6.600 гости биле казнети поради кршење на тие правила.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds