Ердоган: „Исламот е религија на мирот”

Ердоган: „Исламот е религија на мирот”

ЛОНДОН (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со државјаните на Турција во зградата „Олд Билдингстејт” во Лондон. Во таа пригода, помеѓу останатото, нагласи дека исламот е религија на мирот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Исламот е религија на мирот. Никогаш нема да можете да го внесете тероризмот во нашата религија. Не можете да го ставите исламот како придавка за опишување на тероризмот. Некои несвесни лидери на ценети земји го користат изразот „исламски тероризам”. Тоа не можеме да го прифатиме”, рече Ердоган.

Исто така, Ердоган се осврна на операцијата „Извор на мирот” на северот на Сирија .

„Турција е независна во својата надворешна политика и не бара одобрување за операција која се однесува на нејзината безбедност”, нагласи турскиот претседател.

„Оние кои мислат дека ќе можат да ја дисциплинираат Турција преку тероризмот, преку уцена, се засрамени по неуспехот на нивната цел”, додаде Ердоган.

Ердоган во изминатите два дена престојуваше во Лондон по повод самитот на лидерите на НАТО Сојузот. Во пресрет на самитот во Лондон, во вторникот, Ердоган се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Англема Меркел и со британскиот премиер Борис Џонсон. По состанокот за Сирија со лидерите на Франција, Велика Британија и Германија, Ердоган рече дека разговорот бил добар. Истото го потврдија и германската канцеларка Меркел и денес францускиот претседател Макрон.

Турските вооружени сили на 9 октомври ја покренаа операцијата „Извор на мирот” против терористичката организација ЈПГ/ПКК на источниот брег на Еуфрат за да ја обезбедат државната граница на Турција и во пограничниот појас на Сирија да воспостават безбедна зона за доброволно враќање на бегалците. На турските сили на теренот поддршка им пружија борците на Сириската национална војска (СНВ), која претходно беше позната под името Слободна војска на Сирија.

Во согласност со постигнатиот турско-американски договор, турските сили на 17 октомври на период од 120 часа запреа со операцијата за да терористите на ЈПГ/ПКК се повлечат од пограничниот појас на североистокот на Сирија. По истекот на рокот од Министерството за одбрана на Турција е соопштено дека турската страна ги исполнила своите обврски според договорот со САД, а дека американската страна Анкара ја известила дека терористите на ЈПГ/ПКК. се повлекле. Министерството, исто така, соопшти и дека во оваа фаза, веќе нема потреба од нови вакви операции на турските сили во Сирија.

Паралелно со тоа, турскиот претседател Ердоган на 22 октомври во Сочи се состана со рускиот колега Владимир Путин и постина договор кој вклучува почеток на заеднички турско-руски патроли на северот на Сирија. На состанокот на Ердоган и Путин и делегациите, кој траеше повеќе од шест часа, постигнат е договор според кој терористите на ЈПГ се повлекуваат,а почнуваат заеднички патроли во Сирија.

Во терористичката кампања против Турција, која трае повеќе од 30 години, ПКК, која Турција, САД и ЕУ ги окаректеризираа како терористичка организација, одговорна е за смрт на 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds