• 25/09/2020

Ердоган: Кој ќе го нападне нашиот брод, ќе плати висока цена

 Ердоган: Кој ќе го нападне нашиот брод, ќе плати висока цена
loading...
Advertisement

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека секој напад врз турскиот брод кој истражува нафта и гас во спорните води на Средоземното Море ќе резултира со висока цена.

Тој сугерираше дека Турција веќе постапила по тоа предупредување.

„Кажавме дека ако го нападнат нашиот брод Оруч реис ќе платат висока цена, а тие денес го добија првиот одговор“, кажа Ердоган во Анкара без да даде детали, пренесува Ројтерс.

Бродот Оруч реис тргна во понеделникот со воена придружба во истражување во водите меѓу Крит и Кипар.

Како одговор на тоа, францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека Франција ќе го зголеми военото присуство во регионот и побара од Анкара да го прекине своето истражување.

Француските и грчките сили одржаа денес воени вежби во близина на Крит.

Ердоган денес телефонски разговарал со германската канцеларка Агела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

За време на разговорот со Мишел, Ердоган ја повторил својата посветеност на одбраната на правото на Турција против обидите за нејзино непочитување, соопшти кабинетот на турскиот преседател.

И Турција и Грција неделава соопштија дека сакаат да го решат спорот околу меѓусебните поморски барања, но истакнаа дека ќе ги штитат своите интереси обвинувајќи ја другата страна за провокации.