Ердоган најави целосно „затворање“ на Турција

 Ердоган најави целосно „затворање“ на Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека поради влошување на епидемиолошката состојба, во таа земја ќе биде воведен целосен „локдаун“ од четврток до понеделник, пренесува агенцијата Анадолија.

По состанокот на владата во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган објави детали во врска со воведувањето нови мерки во Турција во борбата против коронавирусот.

– Се преминува на целосно затворање во четврток, 29 април, од 19 часот до понеделник, 17 мај, до 5 часот наутро, рече Ердоган.

Тој додаде дека во рамки на новите епидемиолошки мерки, меѓуградските патувања ќе бидат можни само со дозвола, а возилата за меѓуградски транспорт ќе работат само со 50 проценти од капацитетот.

Со исклучок на организациите кои се изземени во одлуките на Министерството за внатрешни работи, сите деловни субјекти ќе запрат со работата.

Наставата е прекината во сите училишни институции, а сите испити ќе се одложат.

Синџирите на супермаркети ќе бидат затворени во недела, а во другите денови ќе продолжат да работат само во одредени периодии.

x