
Ердоган се закани: Турција би можела против плановите на НАТО
Турција ќе се спротивстави на планот на НАТО за одбрана на балтичките земји ако Алијансата не ги признае групите против кои се бори Анкара како терористи, го повтори денеска својот став турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Обраќајќи се во пресрет на самитот на НАТО во Лондон, Ердоган рече дека Турција очекува безусловна поддршка во својата борба против заканата од тероризам.
Во Лондон денеска почнува дводневниот самит на НАТО, чија цел е да се покаже единството на силите на Алијансата, којашто слави 70 години од основањето.