• 20/09/2020

Ердоган со прва порака по разорниот земјотрес

 Ердоган со прва порака по разорниот земјотрес
loading...
Advertisement

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека институциите на земјата ги преземаат сите мерки за заштита на граѓаните по силниот земјотрес на истокот на земјата, и дека министрите се излезени на теренот.

„Институциите ги преземаат сите мерки за да ги заштитат граѓаните, министрите се на терен“, рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Според најновите информации, најмалку 14 лица загинаа во земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер што го погоди источниот турски град Елазиг вечерва.

Дирекцијата за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во 20:55 часот по локално време во Сиврице, недалеку од Елазиг.

„Според досегашните информации, во земјотресот загинале 14 лица“, пренесе АФАД.

Од дирекцијата формираа кризен штаб, а од голем број турски градови кон Елазиг се упатени голем број спасувачки служби.

Земјотресот беше почувствуван и во околните градови Адан, Хатај и Османје, дури и во северните делови на Сирија и Ирак.

АФАД исто така потврди дека после овој земјотрес се регистрирани уште 60 последователни земјотреси со понизок интензитет, од кои осум биле повисоки од 4,0 степени по Рихтер.