Ериксен пристигна во Милано
Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен пристигна во Милано, каде се очекува во наредните неколку часа да ги помине медицинските прегледи во Интер, по што ќе следува и официјално потпишување на договор со калчолигашот.
Тотенхем и Интер успеаја да постигнат договор за 28-годишникот, а тој на „Џузепе Меаца“ ќе се пресели за сума од 20 милиони евра. Тој е трето засилување за „неро-аѕурите“ во овој преоден рок, откако претходно во Милано, пристигнаа и Ешли Јанг и Виктор Моузес.
Извор: ekipa.mk