Ерменија го нападна азербејџанскиот град Генџе: Загинаа 9, повредени 34 лица

Ерменија го нападна азербејџанскиот град Генџе: Загинаа 9, повредени 34 лица

Ерменската Војска, иако не поминаа ниту 24 часа од постигнатото примирје, со ракети го нападна азербејџанскиот град Генџе, при што загинаа 9 лица, додека повредени се 34 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Главното обвинителство на Азербејџан.

Во соопштението се нагласува дека ракетите лансирани од ерменската страна паднале врз објектите во кои живееле цивили во градот Генџе.

Според ова соопштение, како резултат на нападот животот го загубиле 9 лица, додека 34 лица се повредени.

Се истакнува дека во тек се операциите за пребарување и спасување во урнатините на куќите што се срушени во нападот.

Во соопштението се нагласува дека 4 од загинатите се жени, додека 16 од повредените се жени, а 6 се деца.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds