Ерменија објави снимка од рушење на азербејџански авион

Ерменија објави снимка од рушење на азербејџански авион

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан изјави дека силите на против-воздушната одбрана на Ерменија собориле азербејџански авион од типот „Ан-2“.

„Системите на ПВО одбраната на Ерменија соборија беспилотно летало – бомбардер „Ан-2“ на противникот на источниот правец од контакт линијата “, напиша Степанјан на „Фејсбук“.

На снимката може да се види како авион во пламен паѓа и удира на земјата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds