
Еве какво време не очекува викендов
Во деновите од продолжениот празничен викенд времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со појава на грмежи и засилен ветер.
Во вторник и во среда ќе има изолирана појава на локален пороен дожд со грмежи, а температурата ќе биде во пораст.