Европа купува вакцини, а богатите Руси веќе ја примија

 Европа купува вакцини, а богатите Руси веќе ја примија

Европската Унија купува вакцини, а богатите Руси веќе ја примија. 

Европската комисија (ЕК) објави дека постигнала договор со фармацевтската компанија Санофи и ќе набави 300 милиони вакцини против коронавирусот. 

ЕК сака да склучи договори со шест производители на вакцини за 450 милиони граѓани.

Засега не се открива цената на вакцината. Стотици врвни руски менаџери и водечки државни службеници се вакцинирани со експериментална вакцина против коронавирус од април досега. 

На политичката елита на Кремљ и беше дадена можност предвреме да се заштити од вирусот. 

Русија е една од најзагрозените земји. 

Земјата има над 845.000 потврдени, а починале 14.058 луѓе. 

Таа е четврта на листата на земји најпогодени од вирусот. 

Индија, Бразил и САД се позиционирани пред Русија.